Во склоп на третиот транснационален проектен состанок се одржа и онлајн едукација за користење на онлајн платформа за спроведување на мајсторски испит. Обуката се одржа на 29 јуни 2021 година , а беше наменета за стручните лица од партнерските држави за да се запознаат со работата на платформата и спроведување на мајсторскиот испит преку платформата.
Третиот транснационален состанок на проектот требаше да се одржи во Загреб, Република Хрватска, но поради сеуште постоечките околности на пандемијата на коронавирусот, тој се одржа он лајн на 28 и 29 јуни 2021 година. Партнерите ја претставија својата работа за развој на испитни прашања и програми, а во последната фаза беше презентирана и онлајн платформата. […]
Една од целите на проектот Еразмус + Мастер 4.0:, Подобрување на мајсторскитеиспити, е да се создаде онлајн платформа за подготовка и спроведување на мајсторските испити со цел понатамошно подобрување на полагањето мајсторски испити во земјите партнери. Онлајн платформата ќе овозможи полагање на мајсторскиот испит на компјутери или таблети во испитните центри, каде што се обезбедени […]
Од почетокот на 2020 година, партнерите од Хрватска, Словенија, Северна Македонија и Црна Гора работат на подобрување на прашањата за мајсторските испити како и на програма за мајсторските испити во рамките на проектот Еразмус + Мастер 4.0: Подобрување на мајсторските испити. Во Хрватска, Хрватската Занаетчиска комора спроведе активности поврзани со подобрување на прашањата за мајсторскиот […]
Онлајн состанокотсо претставници на партнерските организации вклучени во проектот Мастер 4.0 се одржа во четврток, 28 мај 2020 година. Состанокот беше организиран наместо 2-от транснационален состанок, кој требаше да се одржи во истиот термин во Скопје, Северна Македонија, а организатор на состанокот беше Хрватската занаетчиска комора. За време на состанокот сите партнери ги презентираа активностите […]
Мајсторството претставува посебен вид постсредно стручно образование. За стекнување на звањето мајстор потребно е успешно завршување на мајсторскиот испит за одредена занаетчиска дејност. Мајсторството се однесува за лица кои имаат завршено средно образование и соодветно работно искуство во занаетчиската дејност за која што сакаат да полагаат мајсторски испит. Со завршувањето на мајсторскиот испит, кандидатот се […]
Со цел да се обезбеди усогласување на прашањата за мајсторските испити за сите професии во земјите кои учествуваат во проектот, се изработи методолошка рамка со насоки за развој на прашања за мајсторските испити како дел од проектот. Првиот чекор беше да се одржи вебинар за методологијата на изработка на испитни прашања. Вебинарот го одржа г-дин […]