Унапредување на испитните прашање и програми за мајсторскиот испит (2019-2020)
Подготовка на методолошка рамка со упатства за изработка на мајсторски испит.
Подготовка на испитни прашања и програма за мајсторски испити • Р. Хрватска – испитни прашања за стручно теоретскиот дел за испити за занимањата фризер, ауто-сервисер и електроинсталатер. • Р. Словенија – испитни прашања за стручно теоретскиот дел за испити за занимањата тесар , ѕидар и електричар. • Република Северна Македонија -испитни прашања за стручно теоретскиот дел за испити за занимањатакозметичар, програма за испити за занимањата за автомеханичар и пекар. • Р. Црна Гора испитни прашања за стручно теоретскиот дел за испити за занимањата кројач за висока мода, програма за испити и испитни прашања за стручно теоретскиот дел за занимање фотограф.
Развој на интернет (online) платформа за подготовка и полагање на мајсторски испит(2020-2021)
Осмислување и изработка на интернет платформа • 3 дела на платфомата- отворен дел, дел за подготовка на испитот и дел за полагање на испитот.
Изработка на прирачник за административна употреба на платформата и едукација за употреба на платформата за институции кои спроведуваатмајсторски испити
Локализација на платформата на партнерските јазици, внес на прашањата и подготовка за пилотирање.
Пилотирање на онлајн платформата • Известување за спроведено пилотирање како почетна точка за понатамошно користење и унапредување на онлајн платформата.
Што ќе се постигне со проектот?
Ќе се унапреди квалитетот на мајсторскиот испит унапредување на програмите и прашања и усогласување со тековните трендови и технологии
Преку отворениот дел на интернет платформата, клучните информации за мајсторскиот испит ќе станат лесно достапни за пошироката јавност, особено за заинтересираните кандидати
Организациите кои спроведуваат континуирано стручно образование и обука ќе бидат едуцирани во развојот на прашања и програми за мајсторски испити, како и во спроведување на мајсторските испити преку мрежна платформа, со што ќе се зголеми квалитетот, продуктивноста и иновативноста при обезбедување услуги на нивните корисници
Со унапредување на мајсторскиот испит дополнително ќе се промовира образование на возрасни и доживотно учење.